Лазаров е внимателен и покрај големата „залиха“: Мора добро да се испотиме за да победиме!

57

Алкалоид денеска (15 чаот) го игра реванш мечот против литванскиот Драгунас Клаипеда во рамките на ЕХФ Европскиот Куп. По убедливата победа на домашен терен од 11 гола разлика, избраниците на Кирил Лазаров ја имаат полесната задача, да стават печат на пласманот во третото коло.

Предводникот на бранителот на пехарот во Купот на Макеоднија и Супер-Купот, очекува тежок меч бидејќи неговите момци во шест дена ќе одиграат три меча, еден од нив беше против македонскиот првак, Пелистер.

„Очекувам тежок натпревар затоа што во шест дена ќе играме три натпревари и тоа не какви било, туку два натпревари од Европски Куп и еден дерби меч со Еурофарм Пелистер, а имаме едно долго патување. Свесен сум дека нема да биде лесно. Имаме хендикеп со повредата на Никола Костески, тоа треба да го споменеме. Внимателен сум, затоа што публиката во Автокоманда, виде, имаме за противник екипа што сака да игра, сака да се наттрчува цел натпревар. Анализиравме и видовме дека во 48 минута беше само шест разлика, а во 54 беше 13 разлика. Можеше да биде поинаку, можеби малку е нереален резултатот.

Имаме голема залиха, но тоа не треба да не опушта, ќе се потрудиме да бидеме квалитетни и да одиме на победа, тоа ни е целта“, вели Лазаров.

Ракометарите се подготвени, но и исцрпени и емотивно истрошени по победата над Пелистер. Но, Лазаров вели дека нема штедење, мора да се одигра врвно и оваа средба за да се најдат во следното коло.

„Ќе биде доста неизвесно до крај, посакуваме победа, но ќе мораме да ја заслужиме. Ќе треба добро да се испотиме за да победиме, а тоа нема да биде едноставно, затоа што, реков, за шест дена играме трет силен натпревар, а имавме и долго патување. Момците се спремни, но и се исцрпени, затоа што одиграа два одлични натпревари и малку се емотивно истрошени по радоста што ја имаа по двете средби.
Ќе треба многу да трчаат, свесни сме за тоа во стручниот штаб и ќе направиме сѐ за да излгедаме добро и да победиме и сега“, изјави тренерот Кирил Лазаров. 
Алкаоид вчера иако имаше долг пат, сепак го одработи предвидениот тренинг пред мечот.

ПретходноПознато е зошто синот на Леброн ќе биде изоставен во списокот на Лејкерс
СледноМанчини објасни зошто повеќе не е селектор на Саудиска Арабија