На 56-годишна возраст почина поранешен бразилски репрезентативец

404

Поранешниот бразилски репрезентативец Зе Карлос почина на 56-годишна возраст. Бразилските медиуми јавуваат дека тој починал во сон. Зе Карлос ја помина целата своја кариера играјќи за бразилски клубови, а беше репрезентативец и на Светското првенство во 1998 година, каде Бразил заврши на второто место.

На тој шампионат Зе Карлос го одигра единствениот натпревар за Бразил. Како десно крило стартуваше во полуфиналето против Холандија бидејќи Кафу беше суспендиран.

„Зе Карлос беше многу важен во кампањата на бразилскиот тим во 1998 година, кога стигнавме до финалето на Светското првенство. Тој беше одлучен играч, со физичка сила, кој имаше истакната кариера во неколку клубови. Во овој момент на болка Изразувам сочувство до целото семејство и пријателите на Зе Карлос“, изјави претседателот на Бразилската фудбалска асоцијација, Едналдо Родригес.

ПретходноНеверојатен меч на Лејкерс: Губеа 22 разлика – на крајот убедливо славеа (ВИДЕО)
СледноМеси, Суарез и Алба обезбедија успешен старт на Интер Мајами во плеј-офот (ВИДЕО)