Охриѓани потопени на реваншот, Турда славеше со десет гола разлика!

78
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

ГРК Охрид не успеа да ја одбрани позитивата од шест гола од првата средба на домашен терен во рамките на ЕХФ Европскиот Куп. Избраниците на Стевче Алушовски беа убедливо совладани на гости кај Турда со 39-29 и на овој начин се елиминирани од ова натпреварување во кое останува Алкалоид.

Најдобри стрелци во тимот на Охрид беа Ојлески и Орјоникидзе со по пет погодоци.

Беше јасно дека реваншот ќе биде поинаква приказна од првата средба. Романскиот тим максимално го користеше домашниот терен, во голем дел од првото полувреме водеше со еден до два разлика, пред истекот на 30-та минута дојде до плус три 17-14.

Целиот пресврт се случи во вториот дел. Тимот на Турда го подигна нивото на игра, особено во одбраната која пак им донесе голема самодоверба во нападот, па веќе на стартот на 40-та минута имаше двоцифрени 29-19. Беше тешко за избраниците на Стевче Алушовски да се вратат по еден ваков епилог, особено ако се земе во предвид фактот дека играат на гостински терен. На крајот беа убедливо поразени со 39-29.

ПретходноЛазаров: Горд сум на тоа што го направивме, победивме со стил!
СледноПет месеци не добиле плата: Еве како фудбалери на српски клуб штрајкуваат!