Во меч од 11.коло во Ла Лига, попладнево Рајо Ваљекано, некогашниот тим на Столе Димитриевски успеа да го победи Алавес со 1:0 и да освои големи три бода. Решавачкиот гол беше автогол кој го постигна гостинскиот играч Сивера во 80.минута за голема радост на домашните фанови на „Ваљекас“. Оваа победа е уште позначајна ако се знае дека Рајо од 22.минута, кога беше исклучен Мумин, играше со играч помалку. Со овие три бода сега Рајо, привремено, се наоѓа на седмото место на табелата со 16 бодови.