Шампионот го “реши“ МКК Куманово за трета победа сезонава! (ФОТО)

48

МЗТ Скопје вечерва во салата “Јане Сандански“, во меч од 4.коло во нашата елитна кошаркарска лига со 78:71 успеа да го победи МКК Куманово и со тоа да дојде до третиот триумф сезонава. Сепак не беше баш така лесно за шампионот, посебно во финишот на првата четвртина кога кумановци одиграа навистин добро, и тоа како се заканија, а ја решија во своја корист и првата со 19:20.

Нешто слично беше и на стартот од втората четвтртина, но домашните кошаркари како да се „разбудија“ и почнаа да играат квалитетно и таа разлика да ја билдаат во своја корист.

И во третиот период “металците“ ги диктираа настаните на теренот, уште повеќе ја зголемија разликата и во последниот периот беше работа на рутина.

Кај домашните блескаше Слај со 27 поени, постигна и шест тројки од седум обиди, додека кај гостите најефикасен беше Радукиќ со 22 поени. Ова за кумановци беше трет пораз во третото гостување од стартот на сезоната.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноПет месеци не добиле плата: Еве како фудбалери на српски клуб штрајкуваат!
СледноГостивар знае како треба против Пелистер, Кожув убедлив против Тиквеш!