Анчелоти откри како се чувстува Мбапе пред „Ел Класико“

681

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва (21 часот) ја пречекуваат Барселона во „Ел Класико“.

И покрај екстра-спортските афери, напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е „многу мирен“ кога е во прашање неговиот прв натпревар против Барселона, изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

„Го гледам тој е многу смирен во начинот на кој се подготвува, има доверба во своите квалитети и верувам дека ќе придонесе многу, како и секогаш“, изјави Анчелоти за Мбапе пред мечот меѓу двата ривали.

Мбапе има финансиски спор со својот поранешен клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) за исплата на 55 милиони евра заостанати плати и бонуси, додека шведските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер е цел на истрага за силувањето кое се случило за време на неговиот престој во Стокхолм.

“Среќни сме со него, бидејќи постигна голови. Мислам дека постепено се приближува до своето најдобро ниво, но не брзаме. Очигледно ќе продолжи да се подобрува, бидејќи ги има сите квалитети да го направи тоа”, вели искусниот стратег. 

Тренерот додаде дека не му дал посебни инструкции на Мбапе пред натпреварот, бидејќи верува дека има искуство, неколку пати играл против Барселона додека бил во ПСЖ и знае што треба да направи.

Анчелоти изјави дека очекува „многу конкурентен, но и забавен“ натпревар против големиот каталонски ривал, кој на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне полн со самодоверба.

Барселона ја започна сезоната со новиот тренер Германецот Ханси Флик со 11 победи во 13 натпревари.

ПретходноВМФЛ: Лидерот го пречекува Кожув, штипските “сини“ по три бода против Вардар (Н)
СледноДејан Недев освои трето место во кати на ИКУ Светскиот Карате шампионат во Буенос Аирес