Галевски: Нема да ја браниме разликата – одиме на победа!

73

Алкалоид денеска во литванскиот град Клаипеда ќе се обиде да стигне до својата прва европска победа на гостински терен. На првата средба во Скопје, тимот од Автокоманда славеше убедлива победа од 11 гола разлика (42-31), но целта не е само да се одбрани разликата и да се обезбеди пласман во следното коло, туку да се извојува уште една победа над брзата екипа на Клаипеда Драгунас.

Екипата од вчера е во Литванија, одработи еден тренинг во салата во која ќе се игра натпреварот и се запозна со амбиентот во домот на литванските „змејови“.

„Победата од првиот меч од 11 гола разлика е голема, но не мора да значи ништо за тоа кој ќе победи на реванш мечот. Драгунас е квалитетна екипа што трча 60 минути и сигурно ќе бидат дополнително мотивирани по високиот пораз во Скопје.
Затоа ние ќе бидеме максимално фокусирани, мотивирани и сконцентрирани. Нема да браниме разлика, туку ќе одиме на победа, како и секогаш така и на овој натпревар“, изјави младиот голман Иван Галевски. 

ПретходноВечерва во МОБ се бираат најдобрите атлетичари во Европа за 2024 година
СледноАлкалоид со нерешен резултат за инфаркт завршница на Европскиот клупски куп!