Нашиот каратист Дејан Недев постигна врвен резултат и го освои бронзениот медал во кати поединечно на ИКУ светскиот карате шампионат кој се одржува во Буенос Аирес, Аргентина.
Тој во исклучително тешка конкуренција успеа да дојде до бронзениот медал, каде само во неговата категорија учествуваа 57 каратисти од 44 држави. Недев беше блиску и до освојување и на златниот медал но за жал во полуфиналето беше оштетен од судиите, така што неговиот противник од Бразил при изведбата на катата изгуби рамнотежа (баланс) но и покрај таквата грешка судиите се одлучија да му ја даделат победата на бразилскиот натпреварувач Хозе Вивас Сантос.
Второто место го освои преставникот од Бангладеш Сиад Нуризман. Ова беше прв позначаен резултат на Недев по пауза од 3 години од големите натпреварувања. Веќе за две недели македонските каратисти ги очекува уште едно големо натпреварување годинава, светскиот шампионат во традиционално карате од 5 до 10 ноември во Лима, Перу.