Вечерва во Мадрид на “Сантијаго Бернабеу“ се игра најспектакуларниот фудбалски натпревар. Во 258 „Ел Класико“, Реал и Барса по првото полувреме одиграа 0:0.
Иако немаше голови, сепак видовме спектакуларен дуел на најголемите светски клубови.
Интересно, Мбапе имаше една шанса, постигна и гол кој беше поништен поради офсајд. Килијан во неколку наврати, поточно петпати, беше “фаќан“ во недозволена позиција.
Супер шанси имаа Јамал за Барса и Винисиус за Реал, но сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0.
Опасно е закани и Рафиња, но неговиот шут заврши над голот на Лунин.