Наполи со „минималец“ против Лече за останување на врвот

39

Во рамките на 9 коло на италијанската Серија А, Наполи славеше со 1:0 против Лече и ќе остане на врвот на табелата и по ова коло. Потешко од очекувањата, но Наполи ја оправда фаворитската улога.
Џовани Ди Лоренцо во 26. минута ја затресе мрежата на гостите, но погодокот беше поништен поради офсајд. Три минути подоцна Мектоминеј се обиде но неговиот удар заврши преку голот.
Баширото можеше да казни, но неговиот удар го одбрани голманот на Наполи.
Во вториот дел ја бележиме можноста на Ромелу Лукаку, нешто подоцна Политано се обиде да издејствува пенал, но по ВАР снимка удар од 11 метри не е досуден.
Во 73 минута, конечно, Наполи поведе (ГОЛОТ ОВДЕ).

По одбиена топка и мешаница пред голот Ди Лоренцо ја тресе мрежата. Се гледаше ВАР снимка за наводен офсајд, а потоа голот беше признат.

Наполи со 22 бода ќе остане прв на табелата. Пет помалку има Интер, а шест помалку Јувентус, а овие два тима ќе одиграат меѓусебно во дербито на колото.

ПретходноВетија – исполнија: Алкалоид со победа на реваншот во Клаипеда го завери 3. коло во ЕХФ Купот (ФОТО)
СледноБорусија шокирана и од Аугзбург, Лајпциг со пресврт до победа и прво место