Дали се сврте среќата, но сега на штета на Леверкузен? Ако во минатата сезона тимот на Чави Алонсо обично победуваше после 90.минута сега веќе не е така.
Вечерва во Бремен, Вердер постигна гол во 90.минута и успеа да дојде до 2:2 и со тоа да му откине два големи бода на шампионот.
Гостите со голот на Бонифејс во 30.минута дојдоа до 0:1, за да домашниот состав израмни на 1:1 во 74.минута со голот на Дукш.
Кога Агу три минута подоцна си постигна автогол за водство на гостите од 1:2 се чинеше дека Леверкузен ќе победи, но така не мислеше Шмид кој со гол во 90.минута ги постави конечните 2:2.