Работнички, Наковски В. и Јанта В. наредија по две победи

71

Шампионот Работнички ја оствари и втората сезонска победа, откако вчера во рамките на 2. коло со максимални 3:0 славеше проѕов градскиот ривал Фит Фан Волеј. Во битката за врвот и струмички Наковски Волеј однесе вредна и убедлива победа од гостувањето во Скопје против екипата на Вардар ЕМ, а вториот сезонски успех го запишаа и одбојкарките на Јанта Волеј кои загубија само сет на гостински терен против екипата на Младост УГД.

По стартниот пораз во дербито со шампионот, вицепрвакот Струмица вчера одигра одличен натпревар на гостувањето кај Ускана и со максимални 3:0 ги запиша првите три бода на своето конто.

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ / 2. КОЛО

Ускана – Струмица 0:3 (21:25, 18:25, 20:25)

Фит Фан Волеј – Работнички 0:3 (14:25, 19:25, 16:25)

Вардар ЕМ – Наковски Волеј 0:3 (17:25, 21:25, 20:25)

Младост УГД – Јанта Волеј 1:3 (25:15, 25:27, 23:25, 25:27)

TАБЕЛА: 1. Работнички (6), 2. Наковски Волеј (6), 3. Јанта волеј (6), 4. Струмица (3), 5. Вардар ЕМ (2), 6. Ускана Волеј (1), 7. Фит Фан Волеј (0), 8. Младост УГД (0).

ПретходноМото ГП: Бањаја го возврати ударот и триумфираше на дождот во Тајланд
СледноШто се случува со Белингем? Лани ова време веќе имаше 13 гола, сега нема ниту еден!