Реал Мадрид отвори истрага за расистичките навреди кон Јамал

391

Младиот шпански фудбалер Ламин Јамал постигна гол во победата на Барселона над Реал Мадрид со 4:1 на „Сантијаго Бернабеу“ во рамките на Ла Лига. Шпанските медиуми објавија видеа кои докажуваат дека Ламин бил навредуван на расна основа од страна на навивачи на Реал Мадрид, па клубот во соработка со полицијата трага по сторителите на ова дело.

Претходно Реал безброј пати го бранеше Винисиус Жуниор од слични навреди, сега ќе ги „лови“ своите навивачи за истиот проблем.
Реал Мадрид остро го осудува секој тип на однесување што вклучува расизам, ксенофобија или насилство во фудбалот и спортот и длабоко жали за навредите што неколку навивачи ги искажаа синоќа во еден од аглите на стадионот.

Реал Мадрид отвори истрага со цел да ги лоцира и идентификува авторите на овие жални и одвратни навреди, со цел да ги донесе соодветните дисциплински и судски мерки“, гласи објавата на Реал Мадрид.

ПретходноБаерн ја наполни мрежата на Бохум
СледноДали шампионот е оштетен под Шара?! (ФОТО)