Возачот на Ферари, Карлос Саинс е победник на Големата награда на Мексико. Шпанецот на овој начин заокружи одличен тркачки викенд, бидејќи претходно победуваше во квалификациите.
Зад Саинс трката ја заврши возачот на Мекларен, Ландо Норис, додека на третата позиција е уште еден возач на Ферари, Шарл Леклер.
Трката во Мексико беше одбележана со инцидент во кој актуелниот лидер во шампионатот и трикратен последователен шампион Макс Верстапен беше казнет со огромни 20 секунди во Ред Бул затоа што незаконски ја одбрани својата позиција против Норис.
Верстапен на крајот заврши шести, заработувајќи осум вредни поени во битката за одбрана на шампионската круна.
The top 10 after an absolute blockbuster in Mexico City! 📈#F1 #MexicoGP pic.twitter.com/URswHE0AuC
— Formula 1 (@F1) October 27, 2024
Сепак, Норис додаде 18 поени на своето конто и ја намали разликата во генералниот пласман и сега има 47 поени помалку од Верстапен, на четири трки до крајот.
Следниот викенд „најбрзиот циркус“ се сели во Бразил и познатата патека Интерлагос во Сао Паоло.