Саинц тргнува од пол-позицијата на ГН на Мексико

59

Возачот на Ферари, Карлос Саинц, ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико во Формула 1, откако беше најбрз во квалификациите утрово.

Сајнс стигна до пол-позицијата со време од 1:15.964 минути. Шпанецот стигна до првиот пол во Мексико Сити од септември минатата година, кога беше најбрз во квалификациите за трката во Сингапур.

Тој беше 0,225 секунди побрз од актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул и 0,314 секунди од возачот на Мекларен Ландо Норис.

Четвртото место го зазеде Шарл Леклер од Ферари, а дуото од Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон ќе стартува од петтата и шестата позиција.

Трката за Големата награда на Мексико е закажана за денеска од 21:00 часот.

ПретходноИ над 40 поени не беа доволни за победи: Јокиќ и Дончиќ не можат сами
СледноБорец подобар од Шкендија, втора победа за новајлијата Скопје