Едно од најзвучните имиња во составот на европскиот шампиот Реал Мадрид, англискиот репрезентативец Џуд Белингем новата сезона ја почна очајно. Овој Белингем кој го гледаме од стартот на новата сезона, не е ни 1% од оној кој беше лидер, алфа и омега вос оставот на Реал (М) минатата сезона.
Оваа констатација на аналитичарите ја потврдуваат и бројките зад името на Англичанецот. Имено, серијата без голови на Џуд Белингем во дерсот на Реал Мадрид од почетокот на сезоната дојде до бројката од 11 натпревари. Играчот од средниот ред не успеа да ја прекине оваа „црна серија“ без постигнат гол ниту на синоќешната катастрофа на „кралевите“ на дербито со Барселона на „Бернабеу“.
На 11 досегашни натпревари во сезоната за мадридскиот клуб, Англичанецот има само 3 асистенции, без постигнат гол. За споредба, минатата сезона до крајот на октомври 2023 година, тој имаше постигнато 13 гола на 13 натпревари за во сите натпреварувања.