Интер и Јувентус одиграа натпревар за паметење. Кога се чинеше дека домашниот тим е на чекор до победа на сцена настапи Кенан Јилдиз. Со неговите два гола, Јувентус успеа да освои бод во Милано.
По мечот херојот на „Старата Дама“ беше скромен. Тој влезе во 62-та минута, веќе девет минути подоцна го постигна првиот гол за 4-3, додека во 82-та минута ги постави конечните 4-4.
„Сакам да му се заблагодарам на тимот, тренерот и моето семејство. Не беше лесно, но јас сум многу среќен. Не ми пречеше што бев резерва, само бев среќен што можам да влезам и да заиграм. Тоа што со два гола му помогнав на тимот да освои бод на овој тежок терен ме прави уште посреќен. Секогаш треба да останете заедно и да играте како тим, во фудбалот сè може брзо да се промени“, изјави Јилдиз.