Во 9 коло на италијанската Серија А, екипата на Лацио ја совлада Џенова со 3:0 во Рим што беше петта победа за римјаните сезонава, додека Џенова продолжува да тоне со оглед на тоа дека е во серија од седум меча без победа.
Џенова го запиша петтиот пораз и е на 18 место со само шест бодови.
Голот за водство го постигна Нослин во 21 минута, а потврда на победата ставија Педро и Весино во финишот на мечот.
На другите мечеви Парма – Емполи 1:1, Монца – Венеција 2:2, од 18 часот играат Интер-Јувентус, а од 20:45 часот Фиорентина – Рома.