Даниел Аврамовски е херојот на Болуспор во рамките на 10-то коло во Втората турска лига. Македонскиот фудбалер ги постигна двата гола за својот тим на дуелот против Истанбулспор на гостински терен. Овој меч заврши со 1-2.
Аврамовски и двата гола ги постигна во првото полувреме. Прво стрелаше во 14-та минута за 0-1, а потоа две минути подоцна го постигна и вториот погодок за 0-2. На другата страна домаќинот успеа да намали на 1-2 во првото полувреме. На крајот ова беше и конечниот резултат на средбата.
За тимот на македонскиот фудбалер ова беше четврти триумф, има три порази и три ремија, и се наоѓа на осмото место на табелата со 15 бода колку и седмопласираниот тим.