Анчелоти сепак во сериозни проблеми!

288

Реал Мадрид доживеа тешка катастрофа во Ел Класико од Барселона. На преполниот стадион „Сантијаго Бернабеу“, Каталонците го совладаа најголемиот ривал со неверојатни 4:0.

Првиот човек на кралевите, Флорентино Перез е крајно лут. Неговиот гнев оди дотаму што за прв пат го стресе столчето на Карло Анчелоти.

„Позицијата на Карло Анчелоти стана „чувствителна“ по поразот во Ел Класико. Флорентино Перез е фрустриран од тимот.

Луѓето блиски до Флорентино Перез велат дека ова е пораз кој претседателот на Реал никогаш нема да го заборави.

Во Мадрид, за Перез секоја сезона има три работи што ги смета за важни – финалето на Лигата на шампионите, натпреварите од Ел Класико и церемонијата на доделување на Златната топка“, вели Релево.

Перез вложи многу во тимот. Летово ги донесе Килијан Мбапе и Ендрик, претходните години пристигнаа едни од најдобрите млади играчи во светот, но младите на Барса вчера ги демолираа.

Сепак, без разлика на поразот, Реал и понатаму е фаворит за трофеи на сите фронтови. Не им одеше најдобро на почетокот на сезоната, но излегоа од тешки ситуации.

Во првенството кралскиот клуб е на второто место со шест бода помалку од Барселона. Следното коло им носи меч на Местаља со Валенсија.

По три кола во Лигата на шампионите, Реал Мадрид со две победи и еден пораз е меѓу седумте екипи кои освоиле по шест бода. Моментално се на 12 место.

Следното коло од Лигата на шампионите им носи дуел со Милан. Повторно кралевите ќе бидат домаќини.

Карло Анчелоти очигледно ќе биде под сериозен притисок на овие натпревари. Секој нов кик може да му донесе сериозни проблеми.

ПретходноНесмасна реакција за прв пораз на Атлетико Мадрид во Ла Лига (ВИДЕО)
СледноЈилдиз: Не ми пречеше што бев резерва, бев среќен што ќе заиграм!