Фудбалерите на Арсенал и Ливерпул ремизираа 2:2 во големото дерби од деветтото коло на англиската Премиер-лига.
„Топџиите“ го добија првото, а Ливерпул второто полувреме од одличниот меч на „Емирати“. На падот на домаќинот значително влијаеа повредите на дефанзивците Габриел и Тимбер во продолжението, но и многу поголемата енергија на избраниците на Арне Слот во вторите 45 минути, што им го донесе израмнувањето преку Салах.
По распределбата на бодовите, Ливерпул е втор на табелата со бод помалку од лидерот Манчестер Сити, додека Арсенал е веднаш под „црвените“ кои заостанува со четири бода.
Арсенал поведе со голот на Сака во 9-та минута, кој го постигна својот 50-ти гол во Премиер-лигата. На другата страна брзо следеше одговор. Во 18-та минута Ван Дијк израмни на 1-1. Но, домашниот тим пред одморот успеа да го врати водството, овој пат стрелаше Мерино, голот го постигна во 43-та минута.
Битката на теренот се вжешти, Салах со страотен удар во 81-та минута донесе ново изедначување (2-2). До крајот Жезус имаше шанса да го врати водството, но не ја искористи.