Бинго: Алкалоид ме потсетува на Порто!

649

Арно Бинго во својата втора сезона во дресот на Алкалоид целосно се вклопи во системот на Кирил Лазаров. Неговото искуство веќе може да се почувствува во играта на младиот состав на тимот од Автокоманда.

И самиот вели дека оваа сезона тимот бележи многу голем напредок.

„Тимот многу брзо расте и многу работиме. Тоа е клучот, многу работиме, добро работиме и имаме добар напредок, а добиваме и на искуство. 

Мислам дека сега научија и разбраа многу работи. Разбраа како мора да се игра, но тие и натаму се многу млади. Овој тим, уф, мислам дека има гоолем потенцијал да напредува и да стане серизоно добра екипа што ќе може со сите да се надигрува. Оваа екипа, ме потсетува на Порто. Тие беа вакви, многу млади, без речиси никакво искуство, но ден по ден, година по години пораснаа. Освоија не знам колку титули во Португалија, а и во Лигата на шампионите имаа одлични резултати. Токму на Порто ме потсетува оваа екипа на Алкалоид, изјави Арно Бинго.

Алкалоид од гостувањето од Литванија се враќа со победа, најавите се остварија, дека нема да се бранат, туку напротив ќе одат на потврда ба фаворитската улога.

„Мислам дека и вториот натпревар беше комплициран. Знаевме дека овој тим многу трча, се бори до последен момент. Тоа е важно во вакво натпреварувње, затоа што е специфичен модел, можеш да победиш со 10 гола, а потоа и да изгубиш и со 15 ако не си фокусиран. Затоа дојдовме овде не со цел да браниме разлика, туку да победиме и овде. Најважно е дека успеавме, победивме и се пласиравме во следното коло“, додаде искусното крило. 

 

ПретходноМахучих и Дуплантис вчера во Скопје прогласени за „Европски атлетичари за 2024 година“
СледноШК Алкалоид е нов европски вицешампион!