Дали е ова крај за Тен Хаг? Нов пораз на Јунајтед и пад на табелата

126
ФОТО: x.com/WestHam

Манчестер Јунајтед продолжува да реди лоши резултати. Денеска е поразен на гостувањето кај Вест Хем со 2:1 во рамките на Премиер лигата што повторно го става менаџерот Ерик тен Хаг под притисок.
Фудбалерите на Јунајтед имаа незгодно гостување кај Вест Хем, но одиграа добро прво полувреме во кое имаа и убави шанси но обидите на Гарначо и Дало не вродија со водство.
Во вториот дел „чеканите“ заиграа подобро. По неколкуминутен притисок дојдоа до предност. Ингс уфлри на втората статива, а таму Самервил ја погоди мрежата (ГОЛОТ ОВДЕ).
Во финишот Јунајтед нападна со сите сили, успеа да изедначи преку Касемиро во 81 минута (ГОЛОТ ОВДЕ). Во 90 минута судијата Дејвид Коти свирна пенал за Вест Хем по консултација со ВАР поради фаул врз Дани Ингс во шеснаесетникот на тимот од Манчестер. Џејсон Боувен погоди за победа на „чеканите“ (ГОЛОТ ОВДЕ).
Јунајтед го впиша четвртиот пораз и е на 14 место на табелата, Вест Хем скокна место погоре.

И Тотенхем е поразен ова коло. „Спарс“ загубија на гостувањето кај Кристал Палас со 1:0 со гол на Матета во првото полувреме.
Челзи го совлада Њукасл 2:1. Џексон и Палмер стрелаа за Челзи, а Исак за Њукасл.

Standings provided by Sofascore
ПретходноЏенова со поразот во Рим врза седум меча без победа
СледноБаерн ја наполни мрежата на Бохум