За Гинис: Доби црвен картон во 3. секунда од натпреварот (ВИДЕО)

42

Бразилецот Рафа Силва ја истакна својата кандидатура за светски рекордер според времето кога добил црвен картон на еден натпревар.

Фудбалерот на Крузеиро беше исклучен по само три секунди од првенствениот натпревар со Атлетико Паранаенсе на гости. Ов ој негов потег лесно може да се нарече затемнување на умот, бидејќи како поинаку да се протолкува неговиот потег во моментот кога топката само што тргна од центарот. Еден противнички играч му пречеше на Силва, а тој мислеше дека би било сосема во ред да го удри со лакт во вратот.

Фудбалерот на Атлетико се најде на земја пред судијата кој веднаш тргна по црвениот картон и го испрати Силва во соблекувалната.

ПретходноМакедонија со пораз од Швајцарија го затвори настапот на „Трофеј Карпати“
СледноНорвешка доминација во Золден, Братен донесе најдобар резултат за Бразил