Македонскиот тенисер Калин Ивановски се врати на терените со победа во квалификациите за Челенџерот во Братислава. Тој го совлада Американецот Александар Ковачевиќ кој е на 99 место на АТП ранг листата што претставува една од најголемите победи на македонскиот тенисер во кариерата.
Тој славеше со 2-0 во сетови 7-6 и 7-6 во меч кој траеше 100 минути.
Ивановски мечот го заврши со 8 ас сервиси и 2 двојни сервис грешки, додека противникот имаше 4 аса и 3 двојни сервис грешки. Двајцата тенисери имаа по една брејк топка која не ја искористија, а Ивановски беше поуспешен и во вкупниот број на поени 80:73.
Во следното коло (утре) Калин ќе игра со победникот од мечот меѓу Милош Карол од Словачка и Максим Крејси од САД (мечот се игра подоцна попладнево). Со победа ќе се пласира во главниот ждреб.