Фудбалерите на Бетис го совладаа Атлетико Мадрид со 1:0 во натпреварот од 11. коло на Ла Лига.
Домашните вечерва целосно ги надиграа избраниците на Диего Симеоне, можеа да постигнат неколку голови, но се покажа дека победникот го реши дефанзивецот Хименез.
Стоперот на Атлетико ја погоди сопствената мрежа по несмасна реакција во четвртата минута. (Голот можете да го видите ТУКА)
Триумфот на Бетис можеше да биде поубедлив доколку домашните искористија неколку одлични можности во текот на натпреварот, но сепак му го нанесоа првиот сезонски пораз на Атлетико кога е во прашање Ла Лига. Воедно, ова е прв неуспех на мадридскиот тренер Симеоне против зелено-белите.