Норвешка доминација во Золден, Братен донесе најдобар резултат за Бразил

23
ФОТО: x.com/fisalpine

Во машката велеслаломска трка во Золден првите три места ги освоија Норвежаните. Првото место му припадна на Александер Олсен Стин кој по двете возења имаше вкупно време од 2:09.50 минути. Тоа е негова прва победа во кариерата.
Второто место со 0,65 секунди задоцнување му припадна на Хенрик Кристоферсен, а третото со 0,66 секунди задоцнување на Атле Ли Мек Грат.
Натпреварувањето во Золден го одбележа кам-бекот на Марсел Хиршер но под знамето на Холандија како и на Лукас Братен овојпат под знамето на Бразил. И двајцата освоија бодови.
Братен имаше фантастично второ возење и на крајот заврши на четвртото место и освои 50 бодови што е најдобар резултат во историјата на бразилското скијање. Хиршер заврши на 23. место и освои осум бодови.

Хрватот Филип Зубчиќ беше втор по првото возење, но во второто падна и не ја заврши трката. Швајцарецот Марко Одермат, мајсторот на велеслаломските трки денес не го заврши првото возење.

ПретходноЗа Гинис: Доби црвен картон во 3. секунда од натпреварот (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Битката за Скопје без победник, Кехинде за бод на Струга ТЛ под Шара, убедливи победи на Гостивар, Шкупи и Силекс…! (ВИДЕО)