ПМФЛ: Битката за Скопје без победник, Кехинде за бод на Струга ТЛ под Шара, убедливи победи на Гостивар, Шкупи и Силекс…! (ВИДЕО)

571

Се одиграа сите шест средби од 11.коло во нашата елитна лига.

На Арената во Скопје, во Соседското дерби бр.77, во битката за Скопје, Вардар и Работнички одиграа без голови и така освоија по бод. Лидерот имаше повеќе шанси, сепак не успеа да ја затресе мрежата на Гачевски. Премногу тактика, голема борба, меч кој не беше спектакуларен, но сепак во игра без ризик и за двете екипи најважно беше да не се загуби.

На големото дерби под Шара, Шкендија и Струга ТЛ одиграа 1:1. Ибраими од пенал во првиот дел му донесе водство на домашниот тим, но Кехинде во продолжение од средбата успеа да израмни. Шкендија пак не ја победи Струга ТЛ.

Силекс со 2:0 против Беса ја продолжува победничката серија, денеска кратовци на свој терен. Алиќ рано донесе водство, за да во самиот финиш кратовци со уште еден гол ја потврдија победата. Тежок меч, но сепак трите бода се најважни во битката за врвот на табелата.

Шкупи на Чаир со 3:1 убедливо го доби Тиквеш. Кадриу беше стрелец на два гола, стрелаше и Аворњо, а за кавадрачни погоди Спахиу. Прв гол по цели 490 минути.

Брера водеше со супер голот на Ѓоргиевски на Маџари, но сепак Гостивар со головите на Ајдоган кој беше фантастичен, Алдаир, Ивановски и Симоновски направи пресврт за победа од 4:1.

Во Охрид составот на Пелистер во самиот финиш се спаси од пораз. Воска долго водеше со 1:0, но сепак битолчани дојдоа до бод.

РЕЗУЛТАТИ ОД 11.КОЛО

ГОСТИВАР – БРЕРА 4:1

(Ајдоган 42., Алдаир 45+2., Ивановски 48., Симоновски 89./ М. Ѓоргиевски 13.)

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 1:1

(Ибраими (п) 30./Кехинде 73.)

ШКУПИ – ТИКВЕШ 3:1

(Кадриу 5.,68., Аворњо 32./Спахиу 25.)

СИЛЕКС – БЕСА 2:0

(Алиќ 15., Маронг 90+4./)

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0:0

ВОСКА – ПЕЛИСТЕР 1:1

(Д. Ибраими 20./Ристевски 85.)

ПретходноНорвешка доминација во Золден, Братен донесе најдобар резултат за Бразил
СледноДали е ова голот на сезоната во ПМФЛ?