ПМФЛ: Супер – дерби под Шара, Шкендија спрема одмазда, ќе биде „жешко“ на Чаир, забревтаниот Силекс ја дочекува Беса

202

Денеска од 13 часот на програмата се натпреварите од 11.коло, последно од првата третина во сезоната. Се разбира дека во преден план е Соседското дерби бр.77 меѓу Вардар и Работнички на Арената, но и под Шара се игра супер – дерби. Се среќаваат Шкендија и Струга ТЛ. Ова ќе биде шанса за тетовци и тоа како да и се одмаздат на Струга ТЛ за тоа што во мај во претпоследното коло од минатата сезона се случи под Шара. Тогаш беше спремно за славје и титула на Шкендија, но Струга ТЛ со маестралните Ибраими и Радески ја однесоа титулата по вторпат покрај Охридското езеро и ги оставија тетовци со прстот во уста.

Шкендија има екстра мотив денеска, а Струга ТЛ е во криза.

Во секој случај ќе биде супер интересно.

Посебно ако се знае дека на клупата на гостите ќе биде Ќатип Османи, легендата на Шкедија кој на овој клуб како тренер му донесе три шампионски титули.

Забревтаниот Силекс на свој терен ја дочекува Беса и посакува продолжување на успешната серија. Кратовци не се шегуваат.

Секако дека ќе биде “жешко“ на Чаир каде играат Шкупи и Тиквеш, тимови кои оваа есен, посебно кавадарчани, се далеку од посакувањата. Да потсетиме Тиквеш дури 465 минути не знае што е гол или 555 минути вкупно ако се смета и куп средбата со Вардар.

Неверојатно!

На останатите средби се среќаваат Воска – Пелистер и Гостивар – Брера.

ДВОЈКИ ЗА 11.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Скопје: Шкупи – Тиквеш

Охрид: Воска – Пелистер

Скопје: Гостивар – Брера

Скопје: Вардар – Работнички

Кратово: Силекс – Беса

Тетово: Шкендија – Струга ТЛ

ТАБЕЛА

Работнички 22, Шкендија 19, Силекс 17, Гостивар 17, Струга ТЛ 15, Шкупи 13, Беса 12, Брера 12, Пелистер 11, Тиквеш 8, Вардар 7, Воска 6…

ПретходноШК Алкалоид е нов европски вицешампион!
СледноМото ГП: Бањаја го возврати ударот и триумфираше на дождот во Тајланд