Завршија првите полувремиња од сите шест средби од 11.коло во ПМФЛ.
На Арената на скопското дерби, Вардар и Работнички играат 0:0. Сепак треба да се каже дека “гостинот“ треба да жали зошто имаше три убави шанси за водство. Мишковски, кој денеска по 100-ти пат го облече дресот на Вардар се повреди и уште во 5.минута мораше да го напушти теренот, место него влезе Мециновиќ.
Под Шара домашната Шкендија со гол од пенал на Бесарт Ибраими има водство протв шампионот со 1:0. Инаку Бесарт до пред некој месец беше член на Струга ТЛ.
Тиквеш по цели 490 минути конечно постигна гол, но сепак губи на Чаир од Шкупи со 2:1.
На Маџари екипите на Гостивар и Брера играат 2:1, гостите дојдоа во водство со прекрасниот гол на Мартин Ѓорѓиевски, следуваа дба гола на домашните преку Ајдоган и Алдаир за пресврт. Силекс против Беса и Воска против Пелистер имаат водство од по 1:0.