Рома доживеа бродолом во Фиренца

103
Фото: Фиорентина/Твитер

Фиорентина дојде до убедлива победа против Рома од 5-1 во меч од 9-то коло во Серија А.  Ова беше четврти триумф за домашниот тим оваа сезона, со скор од четири ремија и само еден пораз е на четвртото место на табелата на бод зад Јувентус. За Рома пак ова беше трет пораз, има четири ремија и две победи за 11-то место.

Кеан го отвори дуелот во 9-та минута, Белтран зголеми на 2-0. По голот на Коне за 2-1, Кеан повторно ја затресе мрежата на гостите за 3-1. Во второто полувреме Бове зголеми на 4-1, додека петтиот погодок за Фиорентина беше автогол на Хумлес.

ПретходноЈилдиз: Не ми пречеше што бев резерва, бев среќен што ќе заиграм!
СледноСаинс најбрз во Мексико, Макс драконски казнет!