Соседско дерби бр.77: Вардар VS Работнички во битка за Скопје!

185

Скопско дерби, соседско дерби, дерби со посебен шмек, дерби меѓу најтрофејните. Кога ова ќе се каже тогаш јасно е дека станува збор за дуелот меѓу Вардар и Работнички.

Денеска од 13 часот на Арената “Тодор Проески“ по 77.пат ќе играат еден против друг клубовите кои заедно тежат 15 титули во ПМФЛ или речиси половината во самостојна Македонија.

Вардар мора а Работнички може. Најтрофејниот е во долниот дел на табелата а Работнички е лидер.

May be an image of 1 person, playing football and text

Искусниот стопер на Вардар, Ненад Мишковски денеска ќе го одигра својот 100-ти меч:

Денеска по 100-ти пат ќе го облечам црвено – црниот дрес, на што сум најгорд. Ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број и да ни ја дадат поддршката, сега кога навистина ни е најпотребна“ рече покрај другото Мишковски.May be an image of 2 people, people playing football and people playing soccer

Работнички е лидер, Работнички нема пораз во изминатите 10 кола. Секако дека посакува уште една победа:

Знаеме дека нѐ очекува еден дерби натпревар. Вардар е квалитетен тим, имаме максимален респект кон нив, иако на многу натпревари знаеја лесно да ги загубат бодовите. Но, свесни сме дека воопшто нема да биде лесно. Работевме напорно оваа недела, се подготвувавме и се надеваме дека ќе се радуваме и на денешниот натпревар“ изјави Кристоџеј Далеј, играчот за врска на Работнички.

Ова дерби ќе го суди Игор Стојчевски, еден од нашите најдобри судии.

За крај кога сме кај традицијата да кажеме дека во изминатите 76 соседски дербија Вардар бил поуспешен. Има 33 победи, Работнички победил на 25 меча а 18 пати било нерешено со гол разлика 94:79.

ПретходноБорец подобар од Шкендија, втора победа за новајлијата Скопје
СледноМахучих и Дуплантис вчера во Скопје прогласени за „Европски атлетичари за 2024 година“