Со две доминанти победи над Вудорадо Дарел од САД и Андреу Петрос од Кипар, Дејан Георгиевски обезбеди финале и сребро на светскиот Г1 куп во Букурешт, Романија.
Во финалето тој за противник го имаше добро познатиот репрезентативец на Франција Ел Омар, против кого Дејан до овој дуел имаше четири победи, но токму денеска не беше негов ден.
Нашиот најдобар таеквондист продолжува со мисијата – олимписките игри во Лос Анџелес 2028.
„Чекориме по највисоките светски олимписки стандарди, тоа е критериум кој го поставивме и живееме за да го негуваме“, порачаа од Македонската Таеквондо Федерација.