Во 11 коло на македонската фудбалска лига, во Штип играат Гостивар и АП Брера. Струмичката екипа поведе со прекрасен гол на Мартин Ѓеоргиевски во 13 минута. 19-годишниот играч доби топка некаде на 16 метри и шутира кон голот, а голманот само го проследи летот на топката во мрежата.