И над 40 поени не беа доволни за победи: Јокиќ и Дончиќ не можат сами

239

Далас го загуби дербито со Феникс синоќа, иако Лука Дончиќ постигна 40 поени. Ни тие не беа доволни за Маверикс да ја остварат втората сезонска победа. Домашните кошаркари на крајот сосема заслужено славеа со 114:102. Кајри Ирвинг постигна 22 поени, а Клеј Томпсон застана на 19 поени.

Феникс победи благодарение на одлично расположениот Кевин Дурент. Тој постигна 31 поен, 9 скока и две асистенции. Девин Букер придонесе со 21 поен за Санс.

Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Лос Анџелес Клиперс со 109:104 во вториот натпревар од новата сезона. Никола Јокиќ постигна 41 поен, реализираше седум тројки, што е негов нов рекорд во кариерата по бројот на шутеви надвор од линијата 7,24, но Нагетс не можеа да го скршат отпорот на Клиперс и на крајот загубија во неизвесен финиш.

На крајот трагичар беше Јокиќ кој промаши едно од двете слободни фрлања за да израмни на 20 секунди до крајот, а потоа не успеа да погоди тројка за продолжение во последните секунди од натпреварот.

Мареј постигна 22 поени, додека остатокот од тимот на Денвер комплетно потфрли. Кај Клиперси Пауел се истакна со 37 поени, Харден имаше 23 и 16 асистенции, додека Зубац забележа 24 поени и 15 скока.

НБА СИНОЌА:

Денвер – ЛА Клиперс 104:109

Шарлот – Мајами 106:114

Детроит – Бостон 118:124

Вашингтон – Кливленд 116:135

Чикаго – Оклахома 95:114

Мемфис – Орландо  124:111

Сан Антонио – Хјустон 109:106

Феникс – Далас 114:102

ЛА Лејкерс – Сакраменто 131:127

ПретходноЈамал стана најмлад стрелец на „Ел Класико“ во историјата
СледноСаинц тргнува од пол-позицијата на ГН на Мексико