Македонија со пораз од Швајцарија го затвори настапот на „Трофеј Карпати“

39

Женската ракометна репрезентација на Македонија го запиша и третиот пораз на пријателскиот турнир „Трофеј Карпати“ кој се одржува во Клуж, Романија. По поразите од Романија и Словачка, дамите денеска беа поразени и од Швајцарија со 27-22.
Слаба реализација од девет метри и слабиот ефект на голманската позиција беа причините зза новиот пораз на женската репрезентација.
Дамјановска и Ристовска беа најдобрите стрелци кај македонскиот состав со по пет голови.
Македонија ќе игра на уште еден турнир – „Кроација куп“, а потоа ќе настапи на ЕП.

ПретходноПолувреме: 0-0 на Арената, Бесарт удри по шампионот, Тиквеш по 490 минути постигна гол, водат Шкупи, Силекс, Воска и Гостивар! (ВИДЕО)
СледноЗа Гинис: Доби црвен картон во 3. секунда од натпреварот (ВИДЕО)