Работнички лесно го реши Чаир, ТФТ остана перфектен

46

Работнички го запиша третиот триумф во Првата лига, откако на домашен терен без проблем го совлада Чаир со 86-63 во меч од четвртото коло.

Полутак со 27 поени и 8 скока беше најдобар кај победникот каде Робев беше стрелец на 22 поени.

Гостите беа подобри во првата четвртина со 17-22, по што домашните кошаркари со две добри четвртини ја превземаа контролата на резултатот. На одморот заминаа со позитива од 43-34, а додека пред стартот на последните десет минути имаа водство од 19 поени (66-47), кое беше повеќе од доволно за победа.

На втората средба од истиот термин, Феникс на домашен терен беше совладан од ТФТ со 63-80 . За тимот од Тафталиџе ова беше четврта победа во исто толку одиграни меча и со перфектен скор е на врвот на табелата пред МЗТ Скопје и Пелистер. На другата страна пак Феникс го запиша третиот пораз.

ТФТ дилемите околу името на победникот ги реши во првото полувреме по кое водеше со 35-49. Николов имаше 16 поени, 12 скока и 7 асистенции, додека зад него беше Говенс со 14 поени. На другата страна 17 поени имаше Митревски.

ПретходноАрсенал не издржа, Салах за разочарување на „Емирати“
Следно„Лудило“ на „Џузепе Меаца“: На дуелот меѓу Интер и Јуве паднаа осум голови (ВИДЕО)