По отказот на Роберто Манчини, фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија има нов селектор. На кормилото се враќа францускиот стручњак Ерв Ренар, тренерот кој изминатите две години го предводеше женскиот фудбалски тим на Франција.
Ренар се враќа во Саудиска Арабија затоа што од 2019 до 2023 година беше на клупата на репрезентацијата. Претходно работеше во националниот тим на Мароко, БС Коска, Замбија (два пати) и Ангола, како и клупски авантури во Сошо и во Лил.
He’s back 💚
— Saudi National Team (@SaudiNT_EN) October 26, 2024