Се враќа во Серија А: Балотели се договори со Џенова

20

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели ќе биде нов играч на Џенова во Серија А.

Според новинарот Фабрицио Романо, постигнат е договор за потпишување договор со 34-годишниот фудбалер до јуни 2025 година. Балотели доаѓа во тимот како слободен агент, со тенденција да ги намали своите финансиски барања.

Последен клуб во кариерата на фудбалерот беше турскиот Адана Демирспор, кој го напушти летово по истекот на договорот.

ПретходноДали шампионот е оштетен под Шара?! (ФОТО)
СледноСребро за Дејан Георгиевски на Г1 Светскиот Куп во Букурешт