Јамал стана најмлад стрелец на „Ел Класико“ во историјата

171

Ламин Јамал стана најмладиот стрелец на гол во шпанското „Ел Класико“.

Крилниот напаѓач на Барселона постигна гол против Реал Мадрид на 17 години и 105 дена. Претходно, рекордот го држеше Ансу Фати, кој постигна гол на „Ел Класико“ со 17 години и 359 дена.

Натпреварот од 11. коло заврши со победа на Барселона со резултат 4:0. Оваа сезона Јамал има 5 гола и 6 асистенции на 11 натпревари во Ла Лига.

ПретходноВака се славеше во соблекувалната на Барса! (ВИДЕО)
СледноИ над 40 поени не беа доволни за победи: Јокиќ и Дончиќ не можат сами