Ивановски елиминиран од турнирот во Братислава

31

Македонскиот тенисер Калин Ивановски е поразен во второто квалификациско коло од Челенџерот во Братислава, Словачка. Ивановски во првото коло успеа да го елиминира американскиот тенисер Александар Ковачевиќ со 2-0 во сетови, но веќе на следниот меч изгуби од словачкиот ривал Милош Карол со 2-0 во сетови.
Во првиот сет беше неизвесно, а Словакот го доби со 7-5. Во вториот Калин се држеше до 3-3, а потоа словачкиот тенисер зголеми на 5-3 па потоа лесно дојде до победата od 6-4 и со тоа се пласира во главниот дел од турнирот.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Алпарслан Ердем (Шкупи)
СледноПо допинг скандалот и пауза од 4 години Јаноне се враќа во Мото ГП шампионатот