34-годишниот напаѓач Марио Балотели и официјално е играч на Џенова. Договорот е потпишан до крајот на тековната сезона. Италијанецот во новиот тим ќе игра со вообичаениот број 45.
Балотели беше слободен играч откако минатото лето му истече договорот со турскиот тим Адана Демирспор.
Минатата сезона во турската Суперлига, Марио Балотели одигра 16 натпревари на кои постигна седум гола, даде една асистенција, заработи шест жолти и еден црвен картон.