Официјално: Тен Хаг не е веќе тренер на Манчестер Јунајтед!

284

И официјално, Ерик Тен Хаг не е веќе менаџер на Манчестер Јунајтед. Ова значи дека навивачите на Јунајтед слават. Јасно беше дека прашање на ден е кога ова ќе се случи, но бламажата од Вест Хем ја прели чашата.

Холанѓанецот и покрај катастрофалниите резултати ја имаше поддршката од новиот менаџмент на еден од најголемите клубови во светот. Тоа во секохја своја изјава го потенцираше и самиот Тен Хаг, но рековме веќе, по онаа бламажа против Вест Хем навистина се немаше избор. И затоа овој денешен отказ.

Инаку Ерик Тен Хаг во април 2022 година беше пречекан со многу надежи. Беше посочуван како менаџер кој ќе ја врати славата на култниот клуб од “Олд Трафорд“, но ништо од тоа. Со него Јунајтед ги освои Карабао Купот и ФА Купот. Во новата сезона во Премиер – лигата на 9 натпревари освои само 11 бодови, доволно само за 14.место на табелата.

Во следниот период тимот ќе го води неговиот досегашен прв соработник Руд ван Нистелрој.

ПретходноШебиб пристигна во Битола: Едвај чекам да заиграм за Пелистер! (ФОТО)
СледноСелекторот Ашаданов го објави списокот на кошаркарки за ноемврискиот ФИБА “прозорец“