Играчот од средниот ред на Манчестер Сити и на шпанската фудбалска репрезентација Родри ја освои „Златната топка“ за сезоната 2023/2024. Легендарниот Жорж Веа го објави победникот во изборот на „Франс Фудбал“ на церемонијат а која вечерва се одржа во Париз.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор го освои второто место во гласањето, а во ТОП 5 се најдоа и Џуд Белингам (Реал Мадрид), Даниел Карвахал (Реал Мадрид) и Ерлинг Халанд (Манчестер Сити).