Селекторот Лазаров го објави поширокиот список за квалификациите за ЕП!

318

Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на MEN’S EHF EURO 2026 (DEN/SWE/NOR).

Во рамки на ЕХФ Неделата нашата сениорска селекција ќе оддигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија. Нашите најдобри ракометари во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, а натпреварот е закажан за 06.10.2024 (среда) со почеток во 20:00 часот. Во второто квалификациско коло нашите ракометари ќе играат на гостински терен против селекцијата на Литванија во Twinsbet Arena во Вилнус, а почетокот на натпреварот е закажан за 17:00 часот по локално време.

Ова е списокот на Лазаров:

Open photo

ПретходноПоради недисциплина: Тиквеш го откачи Леао!
СледноШебиб пристигна во Битола: Едвај чекам да заиграм за Пелистер! (ФОТО)