По веста раскинувањето на договорот помеѓу Ерик Тен Хаг и Манчестер Јунајтед, англиските медиуми објавуваат вести дека наследникот на холанѓанецот е веќе познат.
Имено португалскиот стратег и тренер на Спортинг Лисабот Рубен Аморим, ќе ја превземе клупата на „црвените ѓаволи“. Јунајтед е подготвен да плати 10 милиони евра за предвремено раскинување на договорот меѓу Аморим и Спортинг. Наводно португалецот е заинтересиран да го превземе англискиот великан и доколку Манчестер запне, овој трансфер ќе се случи.
Денес Манчестер го официјализираше отказот на Тен Хаг од тренерската позиција кој доаѓа по ужасниот старт на „ѓаволите“ оваа сезона.