Напаѓачот на Баерн Минхен и на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн и напаѓачот на француската репрезентација и Реал Мадрид Килијан Мбапе, ја освоија наградата „Герд Милер“, која магазинот „Франс Фудбал“ ја доделува на најдобрите стрелци во сезоната 2023-2024.
На церемонијата на доделување на Златната топка, која во моментов се одржува во театарот Шатл во Париз, Кејн ја прими наградата, но Мбапе не се појави на сцената откако ниту тој, ниту останатите членови на Реал (М) не се појавија на манифестацијата во франциската престолнина.