ЛА Клиперс со триумф над Голден Стејт, повреда на Стеф Кари! (ВИДЕО)

39

На отворањето на сезоната во Сан Франциско, ЛА Клиперс успеа да слави над Голден Стејт со 112:104. Ова секако е изненадување, но Клиперси беа подобар тим во текот на мечот, освен во првата четвртина и затоа и си победи.

Вигинс со 29 поени и Кари со 18 поени не му помогнаа на својот тим, додека кај победничкиот состав најефикасни беа Зубац и Харден со по 23 поени. Инаку Стеф Кари се здоби со повреда на скочниот зглоб, но сеуште не се знае колку ќе паузира. 

Тајрис Макси со 45 поени беше главниот фактор за победата на Филаделфија против Индијана. Иако без Ембид и Џорџ, сепак Филаделфија победи и тоа по продолженија со 118:114.

Бруклин го изненади Милвоки за победа од 115:102. Тандемот Шредер – Томас уфрли 61 поени, додека кај поразениот тим Јанис имаше 22 а Лилард 21 поени.

Ова се сите резултати од мечевите кои се играа доцна синоќа и утринава во новата сезона во НБА:

Индијана – Филаделфија 114:118

Бруклин – Милвоки 115:102

Портланд – Њу Орлеанс 125:103

Оклахома – Атланта128:104

Голден Стејт – ЛА Клиперс 104:112

ПретходноОва е реакцијата на Модриќ по дебаклот од Барса…
СледноИнзаги по епските 4:4 со Јуве: Можевме да им дадеме 8-9 голови!