Мартинез втора година по ред е најдобар голман според „Франс Фудбал“

115

Голманот на Астон Вила и на аргентинската репрезентација Емилијано Мартинез ја доби наградата „Лав Јашин“, која му се доделува на најдобриот голман во светот според францускиот магазин „Франс Фудбал“.

Мартинез вторпат по ред е добитник на ова признание, откако на истата манифестација ја прими наградата и минатата година.

Во конкуренција на Мартинез за ова признание беа и Унаи Симон, Андреј Лунин, Џанлуиџи Донарума и Мајк Мањан.

ПретходноКејн и Мбапе со трофејот „Герд Милер“, Французинот не дојде на настанот
СледноХаланд место во Париз, замина да гледа натпревар во Шведска