Новиот претседател на Партизан: Сакаат да ни исклучат струја, вода, немаме греење…

1955

Новиот претседател на ФК Партизан, Расим Љајиќ зборуваше за актуелната ситуација во клубот и ја опиша како неповолна. Една од првите работи на новата управа е да се намалат трошоците, поточно 2.000.000 евра до зимата.
Сега доаѓам од стадионот. Влегувате како да одите на комеморација. Уште е таква атмосферата. Запуштеност. Сите во клубот се плашат од рационализација која е неопходна за клубот да преживее. До сега трошеле како пијани милионери (за Вучелиќ и Визура)“, изјави Љајиќ на гостување на ТВ „Пинк“.

Децении наназад иста слика, како и секаде. Што пак јас да се грижам кој ќе ги враќа долговите? Ако зачкрипи, или државата ќе помогне, или ќе земеме кредити од банките, а некои ќе вратиме, некои други ќе вратат. Дојдовме до ситуација да се направат резови, да се сведат трошоците на минимум“, вели првиот човек на Партизан.

Зборуваше за рационализација на трошоците.
Се е проблем. Не постои нешто што не е проблем. Ми се чини дека ни лебот не сме го плаќале на пекарот. Сакаат да ни исклучат струја, вода, нема греење… Мене ми е доста од кукање. Нема друго освен да кажеме каква е реалната состојба. Без рационализација и оптимизација, тешко дека клубот ќе застане на нозе“, заклучи Љајиќ.

ПретходноПресврт! Винисиус и Белингем нема да патуваат во Париз, „Златната топка“ оди кај Родри?
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 11.КОЛО: Кадриу го “запали“ Чаир